ЦУК

Македонија се справува со огнената стихија

06.08.2024 08:42

Екипите се на терен, хеликоптери од воздух гасат на непристапните терени. Активни пожари на повеќе локации...

Македонија се справува со огнената стихија. Екипите се на терен, хеликоптери од воздух гасат на непристапните терени. Активни пожари на повеќе локации.

Регистриран е пожар и кај Богданци, но од ЦУК уверуваат дека не се загрозени населени места.

Според очевидци, постојано се слушале детонации од неексплодирани смртоносни средства од Втората светска војна, поради што претставува безбедносен проблем при гаснењето на пожарите.