Меркел во Кина: Потпишани договори тешки милијарди евра
Германската канцеларка Меркел, за време на тридневната посета на Пекинг, од кинескиот колега Ли Кечијанг побара поголем пристап до кинескиот пазар...

Економските гиганти на Европа и на Азија, Германија и Кина ја интензивираат соработката. Канцеларката Меркел, за време на тридневната посета на Пекинг, од кинескиот колега Ли Кечијанг побара поголем пристап до кинескиот пазар.
Заедно со стопанската делегација, Меркел потпиша повеќе договори тешки милијарди евра. Фолксваген со својот кинески партнер ФАВ планира да отвори уште две фабрики. Исто така европскиот „Ербас“ договори испорака на 100 хеликоптери во вредност од 300 милиони евра. Луфтханза планира соработка со Ер Кина. Кина, пак, ќе биде гостин на саемот на компјутери Цебит наредната година.
Освен за економските прашања, беше разговарано и за политичкиот дел што ги засегна двете земји – скандалот со американското шпионирање.
„Федералниот обвинител истражува. Доколку обвиненијата се покажат вистинити, тоа ќе биде јасна контрадикција, со оглед моето досегашно мислење дека соработката меѓу агенциите и партнерите е базирана на доверба“, рече Ангела Меркел.
Меркел ги нагласи човековите права. „Ставивме јасно до знаење дека за нас успешниот економски развој, човековите права и развојот на општеството се тесно поврзани“, рече канцеларката, без притоа да спомене конкретни
Германско-кинеските односи двајцата премиери, Ли и Меркел, ќе ги поттикнат и со посетата на заедничката економска комисија која освен советодавна, има функција и да сигнализира на проблеми во економската соработка.
Кина, по САД, е втор извозен пазар на Германија, со вредност од 67 милијарди евра.
Ивана Салтировска
