Врховниот суд на САД го отфрли барањето да го одложи изрекувањето на казната на Трамп
Одлуката на судиите е донесена како одговор на тужбата на Мисури во која се тврди дека случајот против Трамп го нарушил правото на гласачите според Уставот на САД да го сослушаат републиканскиот претседателски кандидат додека тој настојува да се врати во Белата куќа...

Врховниот суд на Соединетите американски држави го отфрли барањето на државата Мисури да го одложи изрекувањето на казната на поранешниот претседател Доналд Трамп за неговата осуда во Њујорк по обвинувањата за кривични дела кои вклучуваа тајна исплата на пари на порно ѕвезда.
Одлуката на судиите е донесена како одговор на тужбата на Мисури во која се тврди дека случајот против Трамп го нарушил правото на гласачите според Уставот на САД да го сослушаат републиканскиот претседателски кандидат додека тој настојува да се врати во Белата куќа.
Трамп во мај беше прогласен за виновен за фалсификување деловни записи за да прикрие исплата од 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Дениелс пред изборите во 2016 во замена за нејзино молчење за сексуалниот контакт за кој тврдеше дека го имала со Трамп пред повеќе години.
Обвинителите кажаа дека исплата била смислена за да ги зголеми шансите на Трамп на изборите во 2016, кога ја победи кандидатката на демократите Хилари Клинтон.
Трамп, републикански кандидат на годинешните избори, негира дека имал сексуален однос со Дениелс и вети дека ќе вложи жалба на осудувачката пресуда по изрекувањето на пресудата, закажана за септември.
Правните спорови меѓу државите се поднесуваат директно во Врховниот суд.
