Почина новинарот Саше Димовски
Одличен познавач и хроничар на состојбите во правосудството. Димовски беше претседател на Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување...

На 47-годишна возраст, по долги и тешки здравствени компликации почина новинарот Саше Димовски. Во неговата кариера известуваше за случувањата во правосудниот систем. Одличен познавач и хроничар на состојбите во правосудството. Димовски беше претседател на Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување.
Работеше како новинар од 1996 година во повеќе медиуми, а на позиција уредник – новинар работел во неделникот и дневниот весник „Фокус“. Соработувал со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални ТВ медиуми.
Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот сведок од 2015 година. Колеги и пријатели во објавите во медиумите и на социјалните мрежи се простуваат од него.
Ќе биде погребан утре во неговиот роден град на велешките гробишта Раштани во 11 часот.
