Која е вистинската природа на протестите?
Утре се најавуваат нови протести во Приштина и во Тирана во знак на револт од пресудата во случајот Монструм. Граѓаните од соседстовото се самоорганизираат на социјалните мрежи да протестираат против одлуката на Судот во друга држава. Која е вистинската природа на протестите?

МТВ побара одговор од познавачите. Новинарката Велиновска вели дека е очигледнодека зад протестите стојат радикални происламски елементи.
„Преку радикални изливи на гнев предводени од некакви радикални водачи кои никој не ги знае, тие се невидливи, добивате застрашување на јавноста. Теророт, радикалниот тероризам има за цел застрашување на народ, на луѓе“, вели новинарката и аналитичар, Мирка Велиновска.
Убијците осудени во Монструм добија доживотна робија, и тука се бараат причини за протестите што се организираат на социјалните мрежи. Тргнувањето на протести по молитва во џамија, извикувањето пароли и носењето симболи и знамиња на друга држава се елементи со верска димензија, а не изразување на незадоволство од донесена пресуда, сметаат аналитичарите. Според колегата Александар Дамовски,во целиот случај се заборава масакрот на петте невини жртви.
„Она што ја води таа верска нишка од самиот почеток на убиството до ден денеска е подгервање на верската одмазда. Идејата на нарачателите на ова убиство беше верската омраза. Ако во тоа не успеаа за време на велигденските празници во 2012 година, идејата им се остварува две годни подоцна“, вели Александар Дамовски, уредник на порталот Мкд.мк.
Радикалните исламистички структури во Македонија шират раздор и мобилизираат верници. Немаат врска со традицијата на балканските муслимани.Со тензиите што ги создаваат, ја постигнуваат целта на радикалниот ислам,велат познавачите на верските прилики. Во сета нервоза температурата ја качуваат и дел од медиумите на албански јазик со провокативни наслови кои не одговараат на вистината.
Позитивно е, велат аналитичарите, што политичките партии од етничкиот албански блок стојат настрана од демонстрациите. Весникот „Газета шкиптаре“ на албански јазик прашува дали протестираат Албанци или Арапи, посочувајќи на веењето зелени знамиња на исламскиот фундаментализам со радикални пораки и пароли.
Наташа Гркова-Петрушевска
