Велика Британија

Уште една ноќ немири во Велика Британија

06.08.2024 10:42

Немирите во Велика Британија поради убиството на три девојчиња во Саутпорт на почетокот на минатата недела се разгореа низ целата земја...

Немири во северна Ирска, втора ноќ по ред, додека продолжуваат немирите низ Велика Британија. Во Белфаст, бунтовниците фрлаа бензински бомби и проектили врз полициски возила.

Полицијата ги предупреди луѓето да не одат во одредени области на градот. Повеќе од 150 луѓе беа уапсени додека полицијата се обиде да го спречи насилството во Ливерпул, Хал, Бристол, Манчестер и други градови.

Немирите во Велика Британија поради убиството на три девојчиња во Саутпорт на почетокот на минатата недела се разгореа низ целата земја.