Македонија

Продолжува битката со пожарот во Македонски Брод

06.08.2024 11:54

Во Македонски Брод, кај селата Брезница и Тажево продолжува битката со големата огнена стихија, окарактеризирана како најтешка. На терен повторно се и припадниците на АРМ, странските доброволци, воздушната поддршка. Во прилепско, пак, полицијата приведе осомничен за подметнување пожар.

Битката со огнената стихија во Македонски Брод е неуморна. Пожарот кај селата Брезница и Тажево, кој беснее 20-тина дена и уништува борова шума на големи површина е окарактеризиран како најтешка огнена стихија во земјава.

Преку ноќта пожарникарите будно чуваа огнените јазици да не го зафатат селото Брезница. Веќе се на терен припадниците на АРМ, странските доброволци и хеликоптерската поддршка. Засега стихијата е далеку од викенд населбата.

Пожарот, пак, кој избувна вчера кај селото Слатина е локализиран и ставен под контрола.

Во Прилепско моментално е мирна состојбата. Полицијата приведе 54-годишен жител на селото Штавица. Запалил пожар кој зафатил површина од два декари

Ова е прво приведување за предизвикување пожар во овој период. Обвинителството ја очекува кривичната пријава. За ова дело е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.

 

Елизабета Митреска