Нов погон на „Комфи Ангел“ во Прилеп
За 10 годишниот роденден од „Комфи Ангел“ најавуваат отворање на нов погон, инвестиција тешка 2 милиони евра, а на постоечките 900 вработени од оваа фирма најавуваат уште нови над 100 вработувања...

Британско-македонската компанија Комфи Ангел од Прилеп продолжува со инвестициите. За 10 годишниот роденден најавуваат отворање на нов погон, инвестиција тешка 2 милиони евра, а на постоечките 900 вработени од оваа фирма најавуваат уште нови над 100 вработувања.
„Набавени се веќе 4 нови линии за перници и јоргани и истите во наредниот период инсталирани се со цел за да се зголемат нашите капацитети како резултат на зголемената побарувачка од нашите европски партнери. Од лани нашите побарувања за ЕУ се зголемени за три пати“, рече Ирена Јакимоска, менаџер на Комфи Ангел.
Создавањето на сопствен бренд било пресудно за успехот.
Според експертите иднината на македонското текстилно производство е создавањето на сопствен бренд, доколку тоа не се случи во наредните неколку години можно е текстилната индустрија да доживее криза, затоа што текстилната индустрија полека се префрла кон Далечниот исток.
„На тој начин ќе се стимулираат и индиректините вработувања и индиректните инвестиции кај нас. Без сопствено производство нема да има иднина за нашата текстилна индустрија“, додаде Јакимоска.
И другите текстилни компании во македонија велат дека иднината не е повеќе во лон производтсвото.
„Веќе 5-та година сме ориентирани на сопствено производство, создавајќи сопствен бренд на детска облека и можам да кажам дека после 5 сезони сме доста задоволни“, истакна Благоја Конески, текстилна фирма.
Од Комфи Ангел во месец август најавија повеќе хуманитарни акции, каде ќе донираат свои производи за детските градинки и домовите за стари лица.
Дарко Штаргоски
