Политика

Реакции по изјавата за дестабилизација на премиерот Мицкоски

06.08.2024 12:46

Обвинителството да го повика Мицкоски на сослушување за информациите за дестабилизација бараат од СДСМ. Велат доколку вистински поседува информации тој е должен итно да ги информира институциите. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали СДСМ и ДУИ заедно го спремаат планот за дестабилизација на државата од есен...

Мицкоски молчи на повиците на СДСМ и претседателот Филипче да ги објави наводните информации за дестабилизација на државата од страна на политичка партија. Доколку Мицкоски вистински поседува информации тој е должен итно да ги информира институциите, велат во опозициската СДСМ.

СДСМ и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што е целта. Дали СДСМ и ДУИ заедно го спремаат планот за дестабилизација на државата од есен – прашуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

Во владиниот партнер „Вреди“, засега се со воздржан коментар околу можната дестабилизација.

Премиерот Мицкоски посочи дека има информации од институциите дека уште на есен ДУИ подготвува сценарио за дестабилизација на државата за да ги заштитат како што рече тој, нелегално стекнатиот капитал.

Во ДУИ пак преку соопштение рекоа дека повикуваат политичките партии на проверка на сите носители на јавни функции со меѓународна помош. Само така ќе престане блефирањето, ловот на вештерки и злоупотребата на борбата против корупцијата за политички цели.

 

Миле Ристески