Собрание

Левица поднесе интерпелација за Гаши

06.08.2024 12:54

Се очекува по завршување на летните одмори, на првата собраниска седница, интерпелацијата да се постави пред пратениците...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, поднесе интерпелација за отповикување на претседателот на Собранието, Африм Гаши, по како што рече тој, седум основи.

Последно во низата е скандалот со неговото лично обезбедување на скопскиот аеродром. Се очекува по завршување на летните одмори, на првата собраниска седница, интерпелацијата да се постави пред пратениците.