Родени тројки во Велес
Секое новороденче е радост за семејството, но ако по неколку години чекање на рожба добиете три бебиња тоа е благослов, велат среќните родители на тројката од Велес. Јосиф, Јаков и Дамјан го привлекуваат вниманието на јавноста, денеска гостин им беше градоначалникот Славчо Чадиев, кој посака Велес да има многу многудетни семејства.

Со три сина на радоста и нема крај, Јосиф Јаков и Дамјан се првите рожби на велешаните Наташа и Јордан. Бебињата се долго чекани па отука и големата возбуда на бабите и дедовците, кои се од голема помош во нивното одгледување.
„Не би рекол дека е тешко имаме помош, тука се бабата, мајката, не би рекол дека е тешко“, рече Јордан Ѓаковски, татко на бебињата“, рече Јордан Ѓаковски татко на Јосиф, Јаков и Дамјан.
За општина која неколку години има надолна линија во наталитетоит секоја нова рожба е нов живот за Велес. Градоначалникот Чадиев денеска го посети семејството Ѓаковски.
„Општина Велес реши да донира извесна помош односно потик за понатамошен успешен живот на оваа фамилија.Задоволството е уште поголемо оти можам да видам дека се супер дечките“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
13ти минатиот месец, кога во Скопје се родија Јосиф, Јаков и Дамјан,семејството Ѓакови, е само едно од многуте многудетни семејства во Македонија. Таткото Јордан вели одиме на четворто, следното се надеваме ќе биде женско.
Дијана Иванова
