Ескпертите со свои ставови по изјавите на Мицкоски за дестабилизација
По изјавата на премиерот дека ДУИ крои планови за дестабилизација, аналитичарот Благојче Атанасоски анализира дека со ова Мицкоски испраќа политичка порака. Аналитичарот Муслиу смета дека ако информациите што ги има Мицкоски се точни, треба да се преземат активности и на политичко ниво. Интегративците за наесен најавија протести...

Македонија има институции подготвени да сузбијат непосакувани дејствија, смета аналитичарот Благојче Атанасоски. По изјавата на премиерот дека ДУИ крои планови за дестабилизација, Атанасоски анализира дека со ова Мицкоски испраќа политичка порака. Не е убеден дека протестите што ги најави партијата на Ахмети можат да предизвикаат поширока дестабилизација на земјата.
Аналитичарот Муслиу смета дека ако информациите што ги има Мицкоски се точни, треба да се преземат активности и на политичко ниво. Една од опциите, според него, е лидерите на партиите да седнат на заедничка маса и да се обидат да најдат решение.
Интегративците за наесен најавија протести, затоа што сметаат дека по последните избори не се почитува гласот на нивниот електорат, а обвинија и за мајоризација на Албанците.
Анита Димитријевска – Велковска
