Ординациите на педијатрите полни
Деца со стомачни вируси и пертусис. Најмалиот пациент регистриран минатата недела имал два месеца. Висока температура кај некои е и единствен симптом, но доволен да се сомневаме на Ковид-19. Според последниот извештај на ИЈЗ, во седумте дена пред празникот регистрирани се 25 нови случаи...

Ординациите на педијатрите полни. 50-60 болни деца поминуваат во една смена. Висока температура кај некои е и единствен симптом, но доволен да се сомневаме на Ковид-19, вели докторката Марковска. Децидна е дека не може да се утврди дека е коронавирус додека не се докаже. Бројката што ја гледаме во извештаите не е соодветствува со реалноста, има многу повеќе заразени со Ковид-19.
Температурата оди до 39,6 тешко се намалува, трае два-три дена и постепено се намалува. Причината за полните ординации докторката Марковска ја гледа и во градинките, собирање на сите деца во едно место.
Доаѓаат деца и со стомачни вируси и пертусис. Најмалиот пациент регистриран минатата недела имал два месеца. Според последниот извештај на ИЈЗ, во седумте дена пред празникот регистрирани се 25 нови случаи, идентично како и претходните две недели.
Најмногу од регистрираните се во Скопје, 10 случаи има во Куманово и по еден во Битола и Тетово. Тројца имале потреба од болничко лекување.
Наташа Јанчиќ-Менковски
