Градинарство

Нов топлотен бран ќе го десеткува приносот на градинарските пролетни култури

06.08.2024 14:58

Земјоделските експерти велат продолжениот топлотен бран уште повеќе ќе ги намали приносите на градинарските култури. Земјоделците со став суви полиња не носат бериќет. Граѓаните добро знаат дека ги очекува нов ценовен шок и голем прашалник ќе се подготви ли зимницата во посакуваните количини...

Најавениот нов топлотен бран ќе биде катастрофален по градинарските производи. Агрономите убедени се дека тоа ќе доведе до дополнително намалување на приносите и квалитетот од една и сериозен дисбаланс во односот на понудата и побарувачката, од друга страна.

Досегашната суша голтна над 20 милиони метри кубни вода од Стрежевската акумулација. Активни се и приватните бунари. Но, земјоделците едногласни, жедни полиња не носат бериќет.

Непишано правило е дека при десеткувани приноси и квалитет, на сцена стапува нов ценовен шок.

Дел од граѓаните велат, со нов ценовен шок подготовката на зимница ќе биде мислена именка. Има и такви кои ќе се потпрат на готовото производство.

Секој според навиките и длабочината на џебот. Но, сепак преовладува ставот дека со повисоки цени количините на подготвена зимница годинава ќе бидат помали.

 

Стевче Митревски