Финансии

Кочоска:На владина седница е усвоен дополнителниот ребаланс на Буџетот

06.08.2024 18:04

Обезбедени се средства за сите права и доспеани обврски до крајот на годината, вели министерката Димитриеска – Кочоска...

Ребалансот на Буџетот оди на пленарна седница. Обезбедени се средства за сите права и доспеани обврски до крајот на годината, вели министерката Димитриеска – Кочоска. Со дополнетиот буџет се обезбедуваат средства за исплата на плати за административците, за пензионерите, за бизнисот, за здравството.

Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот за 2024 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за повеќе институции: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конкуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ-изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Министерката посочи дека дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 ќе биде доставен на разгледување и усвојување во Собранието.