пожари
Попладнето два нови пожари на отворено
06.08.2024 19:00
Два нови пожари на отворено, првиот на територијата на општина Петровец, во атарот на село Градманци а се движи во насока на с. Катлановска Брезница...

Попладнето два нови пожари на отворено, првиот на територијата на општина Петровец, во атарот на село Градманци а се движи во насока на село Катлановска Брезница. Вториот кој е посериозен е на територијата на општина Гевгелија, во атарот на село Негорци каде огнот се приближил на 50 до 100 метри до првите куќи.
Поради загрозеност на луѓе и куќи, Центарот за управување со кризи итно пренасочил еден армиски хеликоптер да помогне во гаснењето на пожарот.
