ОЛИМПИЈАДА

Кошаркарската репрезентација на Србија ја победи Австралија

06.08.2024 20:33

Кошаркарската репрезентација на Србија ја победи Австралија и обезбеди пласман во полуфиналето од олимпискиот турнир …

Кошаркарската репрезентација на Србија се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Париз откако ја совлада Австралија со 95:90 после продолженија со што станаа вториот полуфиналист на олимпискиот турнир во Париз. До триумфот, Србија дојде и покрај тоа што во втората четвртина губеше со 24 поени разлика.

Најдобар во составот на Србија беше Никола Јокиќ со 21 поен, 14 скокови, осум асистенции и четири украдени топки.

Ова е најголемиот пресврт во историјата на Олимписките игри, никој никогаш не се вратил и не победил по негатива од 24 поени. Следен противник на Србија ќе биде подобриот од пресметката меѓу селекциите на Бразил и САД.