Временска прогноза
Сончево и топло со локална облачност
07.08.2024 08:11
Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. UV=8
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
