Петочните протести ја испразнија пластичарската улица

07.07.2014 17:40

Искршените прозорци од дуќаните кои настрадаа во петочните протести на пластичарската улица се заменија со нови. Сликата од теренот навидум вообичаена, иако изгледа дека ништо не се променило, сопствениците разликата ја чувствуваат по џебот.

Најфекфентната улица во Скопје која инаку е преполна со купувачи, денеска изгледаше зачудувачки празно.

„Се намалува прометот, луѓе не идат, малку страв имаат, стресови имаат, поради тоа луѓето не идат“, вели сопственик на дуќан за последиците по петочните протести на пластичарската улица.

Немирните протести на Албанците незадоволни од судската одлука за случајот Монструм во голема мерка се одразува на приватниот бизнисот во овој дел од градот. Но, не сите граѓани се согласуваат дека правдата треба да се бара со камења.

„Тоа не е во ред, никако, тоа воопшто не е вистина и не треба така да биде“, вели граѓанин.

Нови масовни протести се најавени за петок. Дуќанџиите чии продавници се поблиску лоцирани до главната улица велат дека ќе стават клуч на врата. Останатите пак се надеваат на мирен протест кој нема да биде реплика на петочното сценарио.

Анита Димитријевска