Блиски исток

Повик за ликвидирање на новиот лидер на Хамас

07.08.2024 09:00

Именувањето на архитерористот Синвар за нов лидер на Хамас е уште една убедлива причина брзо да го елиминираме и да ја забришеме оваа подла организација од лицето на земјата, порача Кац на социјалната мрежа „Икс“...

Израелскиот министер за надворешни Кац повика на „брза елиминација“ на новиот лидер на Хамас, Јахја Синвар, кој на таа позиција го замени убиениот лидер Ханије.

Именувањето на архитерористот Синвар за нов лидер на Хамас е уште една убедлива причина брзо да го елиминираме и да ја забришеме оваа подла организација од лицето на земјата, порача Кац на социјалната мрежа „Икс“.

Командантот на Хамас Синвар е баран од израелската војска од почетокот на војната во енклавата за планирањето на нападот од 7-ми октомври во Израел. 61-годишниот Синвар поминал 23 години во израелските затвори пред да биде пуштен во 2011-та година со размена на заробеници.

Во моментов се смета за најмоќен лидер на Хамас, по убиството на Ханије. Во либанскиот град Саида стотици луѓе излегоа на улиците да го прослават неименувањето на Синвар за нов лидер на Хамас.