Косовските Срби денеска протестираат во северно Косово
Полицијата е известена за протестот и ќе биде присутна за да се погрижи ситуацијата да не излезе од контрола, иако не се очекуваат проблеми...

Косовските Срби најавија за денеска протест во северно Косово поради, како што беше објавено во повикот на организаторите, „лошата состојба на српскиот народ“ во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Протестот е свикан за во 11 часот на плоштадот „Цар Лазар“ во Северна Митровица.
Полицијата е известена за протестот и ќе биде присутна за да се погрижи ситуацијата да не излезе од контрола, иако не се очекуваат проблеми. Овој протест во вторник го спомена и српскиот претседател Александер Вучиќ, кој рече дека Србите ќе реагираат на намерата на властите во Приштина да го отворат мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот и северниот дел на градот Митровица.
