Во регионот на Киев активирана противвоздушната одбрана
Во регионот на Киев активирана противвоздушната одбрана по неколку групи напади на руски дронови во повеќе области, соопшти регионалната воена управа. Во истовреме, бројот на жртви во украинскиот напад врз Курск на југот од Русија се искачи на 28...

Во регионот на Киев активирана противвоздушната одбрана по неколку групи напади на руски дронови во повеќе области, соопшти регионалната воена управа.
Во истовреме, бројот на жртви во украинскиот напад врз Курск на југот од Русија се искачи на 28. Москва соопшти дека преместиле резервни трупи за да помогнат во одбивањето на стотици украински борци кои ја напаѓаат јужна Русија од пограничниот регион Суми, поддржани од тенкови.
Киев пак, донесе одлука за зголемување на финансирањето на украинската ракетна програма. Зеленски изјави дека украинските производители веќе договориле милион беспилотни летала годинава и дека тој број ќе расте, коментирајќи го и последниот руски напад врз Харков.
„За оваа година нашите производители веќе договорија милион дронови, а ќе ги има повеќе. Не ги откриваме сите детали, но капацитетот за производство се зголемува. Што се однесува до рускиот напад во Харков, сè уште има луѓе под урнатините. Правиме се за да им помогнеме. Знаеме дека 12 лица се повредени, но и дека има жртви“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
