Харис и Волц на прв заеднички предизборен собир
Претседателската кандидатка на американските демократи, Камала Харис и нејзиниот назначен потпретседателски кандидат Тим Волц, го почнаа своето прво заедничко патување во предизборната кампања од Филаделфија. Повеќедневната турнеја низ државите ќе биде одлучувачка за изборот на новиот претседател на САД...

Претседателската кандидатка на американските демократи, Камала Харис и нејзиниот назначен потпретседателски кандидат Тим Волц, го почнаа своето прво заедничко патување во предизборната кампања од Филаделфија.
Повеќедневната турнеја низ државите ќе биде одлучувачка за изборот на новиот претседател на САД. Харис се надева дека изборот за нејзиниот наследник на потпретседателската функција ќе ја зајакне позицијата во сојузните држави од средниот запад, велејќи дека тој е отворен политичар и поборник за прогресивни политики.
„Нашата кампања не е само борба против Доналд Трамп, туку е борба за иднината. Од денот кога ја објавив мојата кандидатура, тргнав да најдам партнер кој може да помогне да се изгради оваа посветла иднина. Лидер кој ќе помогне да се обедини нашата нација и да нè придвижи напред. Борец за средната класа. Волц и јас можеби потекнуваме од различни делови на нашата земја, но нашите вредности се исти. И двајцата веруваме во подигање на луѓето“, изјави Камала Харис, демократски кандидат за претседател на САД.
„Како гувернер на Минесота ги носам искуствата во справувањето со предизвиците со кои се соочува нашата голема држава. Силата доаѓа од нашите вредности. Нашата посветеност да работиме заедно за да ги надминеме разликите, да бидеме секогаш подготвени да подадеме рака за помош. Тоа се вредностите кои ги научив во мојот дом, и сега со потпретседателката Харис ќе трчаме за да ги однесеме токму тие вредности во Белата куќа“, изјави Тим Валц, демократски кандидат за потпретседател на САД.
