Култура

Изложба на скулпторот Жарко Башески во „Куќата на Уранија“ во Охрид

07.08.2024 10:33

Новата изложба на скулпторот Жарко Башески насловена како „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ ќе се отвори на 12 август со почеток во 20 часот во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ при МАНУ во Охрид...

Новата изложба на скулпторот Жарко Башески насловена како „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ ќе се отвори на 12 август со почеток во 20 часот во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ при МАНУ во Охрид.

„Изложбата, која ќе трае до 27-ми август, претставува дел од годинешната програма на МАНУ, а вклучува десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик“, се вели во соопштението на организаторот.

Како што пишува таму, идејата долги години е развивана заедно со професорот Јордан Плевнеш, писател од светски рамки и автор на најкраткиот роман во светската историја „Осмото светско чудо“, колевка на цивилизацијата.

„Проектот ’Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо‘, во основа ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура ’Ordinary Man‘ на Башески, но овојпат во поинаков материјал. Изборот на материјали за изградба на овој проект, како и конкретната форма на ’Ordinary man‘, тесно се поврзува со концептот на авторот“, истакнува организацискиот тим.

Куратори на изложбата се Плевнеш и Венко Андоновски.

 

 

Фото: МАНУ