Скопје

Без вода денеска дел од жителите на Кисела Вода

07.08.2024 10:50

Прекинот е поради дефект на улица „Чупино Брдо“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје...

Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Чупино Брдо“, „Дреновска“ и „Иван Тургењев“ во општина Кисела Вода.

Прекинот е поради дефект на улица „Чупино Брдо“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.