МВР

Хеликоптерот на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот кај с. Папрадиште

07.08.2024 12:06

Од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот кој избувна вчера во реонот на селата Папрадиште и Ореше. Во 11 циклуси беа исфрлени над 20 тони вода, со што беа локализирани дел од жариштата...

Денеска хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот кој избувна вчера во реонот на селата Папрадиште и Ореше. Во 11 циклуси беа исфрлени над 20 тони вода, со што беа локализирани дел од жариштата.

Врз истиот пожар дејствуваше и хеликоптерот Х225 од Српското министерство за внатрешни работи, со што е спречено пожарот да се развие кон с. Папрадиште.