Пулмологија

Чадот од пожарите што се шири влијае и врз здравјето на граѓаните

07.08.2024 13:01

Македонија во изминатиов период се бори со огнената стихија, а помош добива и од странство. Илјадници хектари борова шума изгоре. Чадот кој се шири влијае и врз здравјето на граѓаните. За среќа, досега на клиниките нема хоспитализирано лица со проблеми во дишните патишта поради загадувањето од пожарите. За последиците кои ќе ги почувствуваме особено во зимскиот период...

Речиси еден месец Македонија се бори со пожарите. Првиот човек на Клиниката за Токсикологија, Андон Чибишев, вели за среќа досега немало хоспитализирани поради труење со чад, но постојано има јавувања од колегите од внатрешноста за совети, за оние коишто директно биле вклучени во гаснењето и сега имаа главоболки, вртоглавици, отежнато дишење. Тоа е нормално вели професорот Чибишев. Кога гори шума освен ПМ честички се ослободуваат и гасови коишто се многу штетни. Јаглерод моноксид, јаглерод диоксид и многу други органски и неоргански материи коишто се опасни за здравјето.

Лесно ќе поминат оние кои нема да имаат повеќе соочувања со чадот од пожарите.

Најголем дел од пожарите ги предизвикува човекот. Кривичниот законик предвидува две кривични дела. Предизвикување на шумски пожари предвидува строги казни.

Ако се предизвика голема штета казан е четири години, но максимумот може да се движи до 20 години. Од 2015 до 2020 МВР до обвинителство поднело 9 кривични пријави за 10 кривични дела за подметнување пожар. За 6 години нема ниту една пресуда за предизвикување на шумски пожар.

 

 

Наташа Јанчиќ-Менковски