Инфлација
ДЗС: Зголемени трошоците за живот за 3 проценти во однос на лани
07.08.2024 13:35
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни годинава, изнесува 0.7%. цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец бележат раст за 1.5%...

Трошоците на животот во јули бележат зголемување за три проценти, цените на мало за 3.9 насто, објави Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни годинава, изнесува 0.7%. цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец бележат раст за 1.5%.
зголемувањето на инфлацијата е резултат на растот на трошоците на животот во групите: ресторани и хотели за 5.8%, транспорт за 4.9%, рекреација и култура за 1.2%, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6%.
