Србија подготвена и понатаму да помага во гаснење на пожари во земјава
Србија досега има испратено три хеликоптери со екипаж и подготвена е и понатаму да помогне во гаснењето пожар со хеликоптери, пилоти и механичари...

Хеликоптерската единица на МВР на Србија е во состојба на подготвеност 24 часа и доколку има потреба веднаш дополнително ќе испрати воздухоплови во Северна Македонија за гаснење на пожари.
Србија меѓу првите одговори со помош и во јули за прв пат во странство го испрати еден од најдобрите свои хеликоптери-Камов Ка-32.
„Досега три хеликоптерски единици учествуваа во гаснењето пожари во Северна Македонија. Првиот хеликоптер беше Камов Ка-32 со капацитет од 5 тона вода, вториот хеликоптер е Бел-212 и во моментов кај Охрид се наоѓа Супер Пума која сè уште го гасне пожарот. Досега тие исфрлија над 350 тони вода со налет на хеликоптерите од над 72 часа летање“, изјави Ненад Недиќ командант на Хеликоптерската единица на МВР на Србија.
Посада на „Супер Пума“ секој ден работи 6 до 7 часа, а само во понеделникот испуштија над 126 тони вода. Нивниот ангажман не е само борба против огнената стихија, туку и за солидарност и помош меѓу соседите.
Поради добрата пракса и искуствата од минатите година, а со цел на негување на добрососедските односи на двете држави, Србија е подготвена веднаш дополнително да испрати хеликоптер со три пилота и четири воздухопловни механичари и припадник на Секторот за вонредни ситуации за координација.
„Превод Ние и понатаму се наоѓаме во состојба на приправност, екипажите се подготвени и доколку пристигне барање и потреба од Северна Македонија ние ќе ја дадеме сета потребна помош и ќе упатиме дополнителни сили“, вели Ненад Недиќ-Командант на Хеликоптерската единица на МВР на Србија.
Покрај околината на Охрид хеликоптерите од Србија учествуваа во гаснењето пожари кај Ново Село, на планината Серта, околината на Пробиштип и Свети Николе и кај Старо Нагоричане.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
