Трагедија

Почина четиримесечно бебе од струшко

07.08.2024 14:00

Портпаролот Стефан Димоски информира дека во ОВР Струга вчера во 22 часот и 43 минути било пријавено дека детето починато е однесено на Детското одделение...

Четиримесечно бебе од струшко без знаци на живот синоќа од родителите било донесено во Општата болница во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека во ОВР Струга вчера во 22 часот и 43 минути било пријавено дека детето починато е однесено на Детското одделение.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на бебето ќе биде извршена обдукција, која треба да покаже како настанала смртта.