Земјоделство

Сушата го зема данокот и за родот и за зимниците

07.08.2024 14:31

Тешко лето и за земјоделското производство. Стигнува времето за зимници. Производителите и купувачите се скептични – сушата зема данок и за родот и за зимниците. Агрономите, поради сушата потврдуваат намален род и повисоки цени. Земјоделците мора да го следат чекорот со климатските промени за исплатливо производство со современи мерки и едукации.

Сушата го зема данокот и за родот и за зимниците. Родот намален, цените повисоки, зимницата поскапа, барем за 20-тина насто.

Агрономите анализираат – наспроти врнежливото лето лани, многу сонце годинава кое носи стагнација кај растението, потсушување, намален род што ги зголемува цените.

Поради климатските промени, земјоделците мора да користат посовремени мерки и да се едуцираат за исплатливо производство.

 

Елизабета Митреска