МЗШВ

МЗШВ: Исплатени се 75.640.400 денари субвенции кон 1.609 земјоделци

07.08.2024 20:30

Министерот Трипуновски денеска соопшти дека се исплатени субвенциите за мерките 2.12 дополнителни директни плаќања од подмерка 2.08 и 2.10 за предадено јагне и или јаре во регистриран кланичен капацитет...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска соопшти дека се исплатени субвенциите за мерките 2.12 дополнителни директни плаќања од подмерка 2.08 и 2.10 за предадено јагне и или јаре во регистриран кланичен капацитет.

„Денес се исплатени 75.640.400 денари кои ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците. Остварено уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, со одговорна и посветена работа во интерес на нашите земјоделци! – Изјави Трипуновски.