Политика

Седница на Централното претседателство на ДУИ

07.08.2024 19:40

Заседава Централното претседателство на ДУИ на кое се разговара за понатамошните чекори на партијата во однос на како што посочија зачувување на легитимитетот на Албанците...

Ќе ги употребиме сите демократски механизми за почитување на волјата на граѓаните, истакна партискиот портпарол Арбер Адеми коментирајќи ја изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека имал информации според кои ДУИ наесен преку протести планира дестабилизација на државата. Адеми истакна дека Владата мора да го одрази меѓуетничкиот легитимитет, вистинскиот претставник во централната власт е токму нашата партија, дополни Адеми.

На Централното претседателство на ДУИ на кое присуствуваше најтесното партиско раководство, разговарано е и за барањето на ДУИ за ветинг на сите политичари но и за луѓето од судството, обвинителството и бизнисот.

На највисокото партиско тело на ДУИ се дискутира и за организирање на годишнината од Охридскиот рамковен договор.

 

Зоран Димовски