Одбележување
Во Прилеп почнаа чествувањата за 23 години од „Карпалак“
07.08.2024 20:00
На 8-ми август 2001-та година конвојот на АРМ беше пресретнат во заседа на патот Скопје-Тетово, кај месноста „Карпалак“ кога загинаа армиските резервисти...

Со почит за 10-те загинати припадници на резервниот состав на АРМ пред спомен обележјето во Прилепската касарна и пораката „никогаш да не се повтори“, вечерва почнаа чествувањата за 23-годишнината од „Карпалак“. На 8-ми август 2001-та година конвојот на АРМ беше пресретнат во заседа на патот Скопје-Тетово, кај месноста „Карпалак“ кога загинаа армиските резервисти.
Утре е централното чествување пред Спомен-обележјето во центарот на Прилеп.
