23 години од нападот кај Карпалак
На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на десетте армиски резервисти.
На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
Почит со положување цвеќе ќе им оддадат делегации на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Собранието. На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа.
Животот го загубија десет резервисти на Армијата.
