Лозарство
Без лиценца 13 винарски визби
08.07.2014 09:35
13 винарски визби се избришани од регистраторот на откупувачи. Причинате се неисплатеното винско грозје и изготвувањето на лажни годишни извештаи...

Од регистарот на откупувачи се избришани 13 винарски визби. Причина е непочитување на законот. Шест, од кои 4 поголеми, не го доисплатиле ланското грозје. Седум не доставиле навреме извештаи, а една винарија добила и кривична пријава поради лажен финансиски извештај.
Тие не ќе можат да откупуваат грозје се додека не ги платат обврските кон лозарите со камата, а на државата не и платат и казна во износ од 10 проценти од долгот. Во меѓувреме, парите од продаденото вино мора да ги користат за исплата на откупеното грозје.
За да се избегнат ваквите состојби се размислува откупувачите да понудат банкарски гаранција пред да почне откупот на грозје.
Методија Трајков
