Израел

Израел во состојба на готовност

08.08.2024 08:52

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, рече дека властите се подготвени да преговараат со Израел за конечниот статус...

Израел е во состојба на висока готовност и ќе може брзо да одговори на секој напад, изјави началникот на генералштабот на израелските одбранбени сили Херзи Халеви. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека циклусот на одмазда на Блискиот Исток мора да престане.

Најмалку 39.677 Палестинци се убиени, а 91.645 се повредени во израелската офанзива од 7 октомври, според Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас.

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, рече дека властите се подготвени да преговараат со Израел за конечниот статус, додека Белата куќа повтори дека договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Тел Авив е блиску.