ЦУК

ЦУК: Активни се 9 пожари, под контола се 6

08.08.2024 08:55

Вчера имало повеќе од 35 активни пожари коишто најголем дел успеале да ги изгаснат, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов...

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов на територијата на Македонија активни се девет пожари, од кои шест се под контрола. Во изминатите 24 часа изгаснати се 25 пожари. Вчера имало повеќе од 35 активни пожари коишто најголем дел успеале да ги изгаснат, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Вчера имало и повеќе пожари на територија на градот Скопје.

„Се работи за сезона на тешки пожари и за жал, не се само на наша територија. Повеќе од 150 пожари има и на територија на Србија, па оттаму го повлекуваат нивниот хеликоптер и не можеме да сметаме на нивна поддршка. Пожари има и во Грција и насекаде во регионот. Апелирам до сите граѓани да бидат екстремно внимателни. Тешко објасниво е појава на 40 нови пожари во еден ден. На дневна основа имаме појава на 35-40 стихии. Се сомневам дека добар дел се подметнати бидејќи не е нормално во еден ден да имаме 35-40 пожари. Или се работи за тотална неодговорност на одредени поединци или за некаква намера“, рече Ангелов во видео-обраќањето од пожарот над викенд-населбата Брезница на Козјак.