Украина

Вонредна состојба во Курск

08.08.2024 08:59

Претседателот Зеленски ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба во Украина, како и продолжување на периодот на општа мобилизација за 90 дена...

Во Курската област во Русија е прогласена вонредна состојба поради украинските напади на тој пограничен регион. Руските власти тврдат дека во нападите биле повредени најмалку 31 лице.

Претседателот Зеленски ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба во Украина, како и продолжување на периодот на општа мобилизација за 90 дена. Тензично е во областа Курск во Русија, каде што е прогласена вонредна состојба поради украинските напади на тој пограничен регион.

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече украинските напади провокација од големи размери.