Бугарскиот парламент забрани промоција на ЛГБТК во училиштата
По примерот на Унгарија, Полска и Словачка, бугарската влада вчера ги забрани нехетереосексуалните пораки, ЛГБТК „пропагандата“ во училиштата, што групите за права ги критикуваа како дискриминаторски...

По примерот на Унгарија, Полска и Словачка, бугарската влада вчера ги забрани нехетереосексуалните пораки, ЛГБТК „пропагандата“ во училиштата, што групите за права ги критикуваа како дискриминаторски
Амандманот на законот, предложен од проруската партија Преродба беше усвоен со големо мнозинство, со 159 гласа „за“, 22 против и 12 воздржани.
Според новиот закон, каква било промоција или поттикнување поврзана со „нетрадиционалната сексуална ориентација“ или родово самоопределување, кое се разликува од полот добиен со раѓање, се забранува во предучилишните установи и училишта.
Пратениците гласаа и за посебен текст кој ја дефинира „нетрадиционалната сексуална ориентација“ како „различна од општоприфатените и воспоставени поими во бугарската правна традиција за емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивен пол“.
