Свет

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди Јапонија

08.08.2024 10:36

Јапонските медиуми јавуваат дека е издадено предупредување за цунами...

Силен земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јапонската префектура Мијазаки. Јапонските медиуми јавуваат дека е издадено предупредување за цунами.

Засега нема информации за жртви или штети.