Украина

Продолжуваат украинските напади на руска територија

08.08.2024 11:18

Украина одговори на новите руски бомбардирања соборувајќи две од четирите ракети и сите лансирани дронови, продолжувајќи со напади на руска територија. Најмалку 16 лица се повредени во гранатирање на Белгородската област...

Украина одговори на новите руски бомбардирања соборувајќи две од четирите ракети и сите лансирани дронови, продолжувајќи со напади на руска територија. Најмалку 16 лица се повредени во гранатирање на Белгородската област.

Москва тврди дека регионот бил нападнат повеќе од 80 пати, а пресретнати биле 16 беспилотни летала. Ситуацијата во пограничниот руски регион во Курск и натаму е тензична по упадот на украинските сили. Прогласена е вонредна состојба. Претседателот Путин упадот го оцени како провокација од огромни размери.

САД ќе бара објаснување од Киев за нивните цели. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека Украина има легитимно право да се брани од руската агресија.

„Киевскиот режим презеде уште една голема провокација и почна неселективно гранатирање на цивилни згради, станбени куќи, амбулантни возила со различни видови оружје“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.

„Ги видовме извештаите. Затоа, ќе се обратиме до украинската војска за да дознаеме повеќе за нивните цели“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.