Велика Британија

Мирни протести на илјадници демонстранти против расизмот во Велика Британија

08.08.2024 11:22

Контрадемонстрантите излегоа на улиците низ Велика Британија по еднонеделното насилство и нереди низ градовите, поттикнати од дезинформациите за нападот во Саутпорт.

Контрадемонстрантите излегоа на улиците низ Велика Британија по еднонеделното насилство и нереди низ градовите, поттикнати од дезинформациите за нападот во Саутпорт.

По денови безредија, илјадници демонстранти против расизмот мирно протестираа против повикот за нови антиимигрантски маршеви на екстремно десничарските групи, кои ги претворија градовите во воени боишта и небезбедни места за заедницата.

Освен во Лондон, мирни протести имаше и во Бирмингем, Шефилд, Ливерпул и во Бристол.