САД

Бајден не е уверен во мирна транзиција на власта доколку Трамп ги загуби изборите

08.08.2024 11:26

Американскиот претседател Џо Бајден го даде своето прво интервју по официјалното повлекување од претседателската трка, изјавувајќи дека не е уверен во мирна транзиција на власта, доколку републиканецот Доналд Трамп ги загуби претседателските избори на 5-ти ноември...

Американскиот претседател Џо Бајден го даде своето прво интервју по официјалното повлекување од претседателската трка, изјавувајќи дека не е уверен во мирна транзиција на власта, доколку републиканецот Доналд Трамп ги загуби претседателските избори на 5-ти ноември.

Бајден се повлече од трката за претседател, по реакциите на неговите сопартијци на лошиот настап на дебатата со Трамп и даде целосна поддршка на својата потпретседателка, Камала Харис која веќе ја почна кампањата заедно со демократскиот кандидат за потпретседател, Тим Волц.

„Ако Трамп загуби, воопшто не сум сигурен. Тој го мисли она што го кажува. Не го сфаќаме сериозно, но тој го мисли тоа. Сите тие работи дека ќе дојде до крвопролевање доколку загуби“, изјави американскиот претседател, Џо Бајден.