Втор посилен земјотрес од 7,1 степен по Рихтер ја погоди јужна Јапонија
По земјотресот со јачина од 6,9 степени, уште еден земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Јапонија, соопшти американскиот Геолошки институт...

По земјотресот со јачина од 6,9 степени, уште еден земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Јапонија, соопшти американскиот Геолошки институт.
Локалната метеоролошка агенција предупреди дека огромни бранови цунами ќе ги погодат крајбрежните области.
„Бранови цунами постојано ќе има. Ве молиме не влегувајте во морето и не се приближувајте до брегот додека трае предупредувањето“, објави Јапонската метеоролошка агенција на Икс.
Институтот соопшти дека првиот земјотрес се случил во 16:42 часот (07:42 GMT) на длабочина од 33 километри, околу 29 километри југоисточно од Мијазаки на Кјушу. Вториот земјотрес се случил помалку од една минута подоцна на длабочина од 26 метри и на 20 километри североисточно од Мијазаки.
Засега нема извештаи за било каква штета.
