Нова закана за укинување на безвизниот режим?!

08.07.2014 10:01

Европската агенција за емиграција утврди дека најголемиот број барања за азил доаѓаат од Сирија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово...

Нова закана за привремено укинување на безвизниот режим, откако Европската агенција за емиграција утврди дека најголемиот број барања за азил доаѓаат од Сирија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово.

Овие земји, изјави европската комесарка за внатрешни работи, Сесилија Малстром, го надминале бројот на апликации.

Србија е убедливо прва, со 22 илјади и 500 од вкупно 78 илјади азиланти од регионот.