Образование
Јаневска: Пролетен распуст нема да има
08.08.2024 13:37
Финалните анкети на родителите покажале дека тие не сакаат, но истото го мислат и повозрасните ученици...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информира дека нема да има пролетен распуст за учениците наредната учебна година.
Финалните анкети на родителите покажале дека тие не сакаат, но истото го мислат и повозрасните ученици.
Јаневска рече дека ваквата одлука е донесена согласно анкетите што се направени со родителите и постарите ученици.
„Не, нема да има пролетен распуст. Стручните анкети на родителите покажаа дека не сакаат, но и на повозрасните ученици, така што следната година нема да има пауза на пролет“, рече Весна Јаневска.
