15.издание на „МакеДокс“

Балканските кинотеки во фокусот на годишнешниот „МакеДокс“

08.08.2024 14:04

„Копање на емоции низ времето“ мото на 15-то издание на фестивалот „МакеДокс“. Од 15-ти до 22-ри август ќе бидат прикажани 92 филма, во пет натпреварувачки категории, на пет локации во метрополата...

„Копање на емоции низ времето“ мото на 15-то издание на фестивалот „МакеДокс“. Од 15-ти до 22-ри август ќе бидат прикажани 92 филма, во пет натпреварувачки категории, на пет локации во метрополата.

Годинашното издание на фестивалот е посветено на архивите и на кинотечната дејност, а во фокусот се балканските кинотеки, велат организаторите.

Оваа година „МакеДокс“ нема земја во фокус, туку регион. Ќе бидат прикажани кратки архивски филмови од шеесеттите и седумдесеттите години, дигитализирани и реставрирани во балканските кинотеки.

 

Александра Спировска