Сеќавање - Карпалак
23 години од Карпалак
08.08.2024 14:16
Кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

23 години од погинувањето на десетте армиски резервисти кај месноста Карпалак. Во градот од кој потекнуваа, Прилеп, сеќавање за нивната борба за Македонија. Одбележувањето почна.
На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
Елизабета Митреска известува.
