ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во дебата за ветинг
ДУИ бара меѓународен ветинг. Велат дека секое доцнење на овој процес ќе ги засили сомнежите за посветеност кон борбата против корупцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ одговор – ДУИ е во очајни обиди да го скрие криминалот...

ДУИ сè уште живее во меурот од сапуница создаден поради нивната корумпираност и нивните подложни на корупција партнери од СДСМ. Јасно е дека сакаат да си го кријат криминалот, но нема да успеат велат во ВМРО-ДПМНЕ по објавата на премиерот Мицкоски дека ДУИ подготвува дестабилизација на државата.
ДУИ и СДСМ прават маневар за да можат секоја постапка која би се отворила против член на нивното раководство да ја претстават како партиска пресметка – вели Марија Митева.
ДУИ останува на ставот дека тие треба да се во власта и по одржаното централно претседателство велат дека ќе ги употребат сите демократски механизми за почитување на волјата на граѓаните.
Инсистираат ветингот да се спроведе со меѓународно мониторирање за сите политичари во последните 30 години. Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста за борбата против корупцијата е обид за прикривање на сопствената корупција – велат од ДУИ.
Миле Ристески
